Врз основа на Планот за работа командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригадниот генерал Павле Арсоски, во месец Јули 2018 година изврши информирање на персоналот од првопотчинетите единици на ЗОК.
Информирањето е планска активност со цел да се запознае персоналот со актуелните појави и настани и приоритетите на ЗОК во тековната година.
На самиот почеток, Командантот на ЗОК го запозна персоналот со тековните настани и појави кои се случуваа во ЗОК, како и за идните чекори, трансформација на ЗОК и стратегијата за одбрана.
Како приоритети во идното работење, ги истакна професионализмот на сите полиња во работата на персоналот како поединци и единицата како компактна структура, дисциплината, посветеност, лидерството, ризикот на работата, обуката, физичката подготвеност и меѓучовечките односи во единиците.
На крајот од информирањето, командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски, одговори на поставените прашања и истакна дека ваквите информирања се корисни за сите нас и истите ќе продолжат во континуитет да се реализираат во понатамошниот период.
Ч.С.