Денес, 2-ри ноември 2013 година, Воениот оркестар на АРМ за прв пат со свој настап се претстави пред граѓаните на Радовиш. Едночасовниот концерт на Воениот оркестар на АРМ се одржа на плоштадот во Радовиш, каде во одличната изведба на нумерите од страна на Воениот оркестар, имаа можност да уживаат граѓаните од различна возраст, кои со воодушевување го прифатија дружењето со припадниците на АРМ низ пријатната музика.
На концертот на Воениот оркестар во Радовиш присуствуваа началникот на штабот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Стојан Димчов, градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов, претставници на локалната самоуправа од Радовиш, претставници од ГШ на АРМ и други гости.
Со концертот на Воениот оркестар во Радовиш, започна втората фаза од проектот за приближување на АРМ до граѓаните и јакнење на цивилно-воената соработка. Наредната недела, честа да им гостува Воениот оркестар, ќе ја имаат граѓаните на Струмица.
На овој начин, Армијата им овозможува на граѓаните во населените места каде АРМ нема лоцирано свои гарнизони, да се дружат со припадниците на АРМ и да дознаат повеќе за војничката професија.