Врз основа на Планот за работа на Здружената оперативна команда (ЗОК), тим од командата на ЗОК, предводен од командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, изврши обиколка на делот од јужната граница, каде се распоредени единиците ангажирани во поддршка на силите на Министерството за внатрешни работи (МВР) за справување со мигрантската криза.
Обиколката е планска активност со цел да се изврши увид во реализацијата на доделените задачи, како и евентуалните предизвици со кои се справува персоналот на јужната граница. Во текот на обиколката беа посетени единиците во поранешната караула Богородица, Богданци и Дојран.
На крајот од обиколката, генералот Арсоски, издаде задачи за отстранување на недостатоците од доменот на логистичката поддршка, поправка на објектите и моторните возила како и максимално залагање во извршување на задачите. Исто така истакна дека ваквите обиколки се корисни и истите ќе продолжат во континуитет да се реализираат во понатамошниот период со цел уште поуспешно извршување на задачите кои произлегуваат во процесот на обезбедување на државната граница и асистенција на силите на МВР.
ЧС/БН/ПА