Снајперски тим од баталјонот за специјални намени од составот на полкот за специјални операции го зазеде високото второ место во генерален пласман помеѓу интернационалните екипи на меѓународниот снајперски натпревар „SHARP BLADE 18“ кој се одржа во Пекинг – НР Кина.
Во периодот од 18 до 22.10.2018 година снајперскиот тим од баталјонот се натпреваруваше со 38 тимови од 22 држави. Во индивидуална конкуренција од 81 учесник нашите снајперисти ги освоија 8-то и 12-то место. Гаѓањата беа тешки и полни со предизвици. Гаѓања на скриени мети кои се појавуваат само секунда или две, после истрчани 2000 метри, менувајќи неколку позиции и сето тоа да се реализира за ограничено време само по себе зборува за тежината на натпреварот.
Македонските специјалци уште еднаш докажаа дека се на врвот во светско ниво кога станува збор за обученост и постигнати резултати.
ЗБ