Денес, 10-ти октомври 2013 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари средба со новото одбранбено аташе на Република Грција акредитиран во Република Македонија, полковникот Николаос Арабатзис.
На средбата со новиот воен аташе на Република Грција присуствуваше и досегашниот одбранбен аташе на Република Грција во Република Македонија, полковникот Христос Поулијанитис. На средбата, генералот Котески му се заблагодари на полковникот Поулијанитис за неговата работа и стручен ангажман, како соодветен придонес во билатералната соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Грција.
Должноста Одбранбено аташе на Република Грција во Република Македонија, полковникот Христос Поулијанитис ја извршуваше во изминатите две години.
Началникот на ГШ на АРМ на полковникот Арабатзис му посака срдечно добредојде во Република Македонија и продолжување на соработката помеѓу двете армии.