Во ЦО „Пепелиште“ од 18 до 22.02.2019 година се реализираше националната работилница за вежбата „Одлучен удар“ на која учествуваа претставници од раководството на вежбата кои го реализираат планирачкиот процес.
На почетокот од националната работилница, директорот на вежбата потполковник Игор Манасовски, го акцентираше значењето на вежбата и даде насоки за работа на раководството.
За време на националната работилница се работеше на следните документи:
- Изработка на организациската наредба со прилозите по синдикати за вежба „Одлучен удар“;
- Развивање и допрецизирање на модулите од сценариото;
- Дефинирање на главната листа за персонал (EXCON, EXCEN, HICON);
- Развивање и дефинирање на сценарио – модул 2.
Во истиот период, во Дом на АРМ – Скопје се одржа Семинар за цивилно-воена соработка организиран од страна на 21та команда за поддршка на театарот за операции при Армијата на САД во Европа, на која зедоа учество 3 (три) офицери од оваа работилница.
На ден 20.02. 2019 година, во просториите на ЗОК, беше реализиран работен состанок за планирачкиот процес и текот на подготовките за вежбата со персонал од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ, ЗОК, како и претставници од Канцеларијата за соработка во одбраната, при Амбасадата на САД во Скопје.
Планирачкиот процес за вежбата „Одлучен удар“ продолжува и во месец март 2019 година, со работилница на тимот за планирање на вежбата за изработка на Оперативната наредба.
ЗВ/ИМ/ЧС/БН