Денес 08.03.2019 година во посета на воздухопловната бригада (вбр), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец беа децата од Државниот училиштен центар „Партенија Зографски“ од Скопје.
На младите посетители и нивните учителки, најнапред топло добредојде им посака заменикот на командантот на вбр, потполковник Стојко Пејовски и потоа преку брифинг и непосреден дијалог, имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната бригада и нивната секојдневна работа и задачи.
На задоволство на посетителите, беа изложени неколку воздухоплови во кои имаа можност да влезат и да почувствуваат како е да се биде пилот. Исто така имаа можност да постават и прашања на присутните пилоти и техничкиот персонал.
Ваквиот вид на активности од делот на цивилно-воената соработка ќе продолжат и во понатамошниот период и со останатите образовни институции од државата.
ГИ/БР/ЧС/БН