На ден 29.10.2013 година (Вторник) како дел од билатералната соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Р.Франција во воздухопловната бригада престојуваа пилоти од француското воено воздухопловство како и Амбасадорот на Р. Франција во Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Лоренс Оер во придружба на военото аташе на Р. Франција во Р. Македонија пполк Стефан Лешлетер.
Посетата на претставниците од Р. Франција е во функција на размена на искуства од областа на одбраната, размена на искуства при работа на NVG – night vision goggles (систем за ноќно летање на хеликоптерите) и FLIR forward-looking infrared imaging systems (систем со термичка камера) системите на хеликоптерите Ми-24.
Како дел од програмата претставниците од Р. Франција најпрвин им беше извршена презентација за воздухопловната бригада, опремата и организациската структура со осврт на плановите за понатамошниот развој, а пилотите беа запознаени со хеликоптерите и системите преку презентации за истите, при што им беше објаснето за намената и можностите за хеликоптерот, втор дел од подготовката за нивниот лет беше таканаречена „земска подготовка“ каде што се запознаваат со хеликоптерот и каде ќе бидат разменети искуства за употреба на FLIR системот за лоцирање на цели дење и ноќе, употреба на NVG системите и можностите и практична употреба на системите на хеликоптерот во лет.
Овој тип на соработка со француското воздухопловство се реализира во континуитет неколку години при што наши пилоти одат во Р. Франција а нивни пилоти доаѓаат кај нас за размена на искуства кое допринесува за подобрување на процесот за обука и оспособување при извршувањето на летачките задачи.
На крајот од посетата Н.Е. г-ѓа Лоренс Оер изрази задоволство од приемот и гостопримството и желба и надеж за продолжување на соработката помеѓу армиите на Р. Македонија и Р. Франција.