Во периодот од 03.09. до 05.09.2019 година во касарната „Јане Сандански“ во гарнизонот Штип се одржа Финална планирачка конференција (ФПК) за претстојната вежба за справување со елементарни непогоди „Национален одговор 2019“.
На конференцијата, покрај претставниците од Армијата, учествуваа: претставници од министерствата за одбрана, внатрешни работи, здравство и земјоделие, шумарство и водостопанство, ЦУК, ДЗС, ЦКРСМ, ЕВН, локалната самоуправа на општините Штип, Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево, Територијална ПП единица на град Штип, ЈП „Исар“, „Стипион“ и „Плачковица“ и на водостопанство „Брегалница“.
За време на конференцијата се детализираа и искоординираа настаните и инцидентите предвидени за вежбата, работните точки, бројот на учесници на вежбата, потребните материјалните средства и средствата за комуникација.
На претстојната вежба „Национален одговор 2019“ за прв пат ќе се употреби новиот систем за командување со инциденти во кризни ситуации НИКС (Next-Generation Incident Command System). За таа цел овластени лица од ЦУК извршија обука со клучниот персонал кој ќе учествува на вежбата.
ФПК ја посетија Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик на началникот на генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Павле Арсоски, кои директорот на вежбата ги запозна со детали од подготовката, организацијата и реализацијата на престојаната вежба за справување со елементарни непогоди „Национален одговор 2019“ која ќе се одржи во периодот од 16.09. до 19.09.2019 година во гарнизонот Штип.