Со цел навремено и ефективно планирање на активностите од доменот на обука и вежби во годишниот календар за обука во Армијата за следната година, секцијата за обука и вежби во Генералштабот, во период од 20 до 21ноември ја реализира втората годишна конференција за обука и вежби.
На конференцијата покрај претставници од организациските единици на генералштабот, присуствуваа началниците на секциите одговорни за обука и вежби (Ј/Г/А/С-7) и главните подофицери на првопотчинетите команди и единици од составот на Армијата, претставници од Министерството за одбрана и институции со кој Армијата соработува и заеднички изведуваат обука и вежби.
Во рамки на конференцијата се разгледаа и координираа Плановите за обука и вежби за следната 2020 година, меѓуармиските активности како и оперативните побарувања за потребни артефиции за поддршка на обуката и потребни финансиски средства за планираните активности за обука и вежби во Армијата.
Дискусиите беа особено насочени кон активностите и мерките кои е потребно да се преземат со цел исполнување на обврските од националниот план за интеграција во НАТО од областа на обука и вежби, како и за целосно имплементирање на НАТО стандардите и доктрините кои е ќе биде потребно да ги спроведеме како полноправна членка во Алијансата.
Конференцијата за обука е редовна активност која се реализира два пати во текот на годината, при што се анализира изведената воено-стручна обука во тековната и се дефинираат целите за наредната година.