Вчера, 22 април (вторник) 2014 година, на минерското вежбалиште на полигонот „Стенковец’ припадниците на инжинерискиот баталјон (инжб) реализираа вежба со боеви минско-експлозивни средства (МЕС): „Изработка на електрични мрежи и палење на експлозивно полнење“.
Вежбата ја изведоа стручно оспособени старешини од инжб кои се подготвени за организација и реализација на вежби со МЕС според „Упатството и Програмата за изведување на вежби со боеви МЕС“.
За време на вежбата од страна на припадници од инжб беа изработени 3 типа на електрични мрежи (сериска, паралелна и комбинирана) и се изврши палење на истите по електричен пат. Во текот на вежбата персоналот се провери во правилно, брзо и сигурно палење на експлозивно полнење со електрична каписла, формирање на електрични мрежи како и во брзо и сигурно ракување со експлозивот.
Изработката на електричните мрежи и палење на експлозивното полнење се изведе под команда, инструкции и надзор на командирите на чети и водови, како персонал обучен и оспособени за работа со МЕС. Нивното познавање на својствата на експлозивот, начинот на ракување, формирање на електричните мрежи, добро спроведената организација при работа, како и сигурното палење на експлозивните полнења по електричен пат резултираше со уште една успешно завршена вежба со која припадниците на инжб ги утврдија претходно стекнатите знаења.