Во период од 2 до 6 декември 2013 година во Командата за обука и доктрини во Велес, Здружен мобилен тим за обука на подофицери (ЈМТТ) од Здружената командата на сојузничките сили во Неапол, организираше Работилница за лидерство во мултинационална средина.
На работилницата на која учествуваа 15 (петнаесет) подофицери од Армијата на Република Македонија кои се планирани да учествуваат во мировната мисија ИСАФ во Авганистан, се обработија теми за лидерство во тек на мисија, менаџирање на стрес, советување при конфликтни ситуации, ефективна комуникација – воени брифинзи и сексуално вознемирување/родова рамноправност.
Целта на активност е пред се размена на искуства и стекнати знаења кои нашите припадници ќе ги искористат во еднообразно извршување на задачите во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
Работилниците и обуките од овој тип се одлична можност нашите припадници да ги увидат критичните области каде може да се даде експертска помош од НАТО, а со цел да се промовира интероперабилноста со НАТО силите во здружените операции.