Денес во касарната „Чојлија“ се изврши увид во реализација на обуката „Колективни способности за АБХО“, од страна на заменик амбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Ерик Маерс, заменикот на началникот на Генералштабот, генерал мајор Азим Нуредин, шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка на САД, потполковник Даниел Маједа.
Обуката, која се реализира во период од 24.01.2022 до 11.02.2022 година ја изведуваат инструктори од Агенцијата за намалување на заканите во одбраната (DTRA) од САД , и истата претставува дел од програмата за поддршка и зајакнување на капацитетите за АБХО на Армијата.
Пред присутните се презентираше дел од опремата, како и постигнатото ниво на обученост на припадниците од четата во процедурите за работа со истата, по што се одржа работна средба на која се дискутираше за текот на реализацијата на оваа програма и за наредните активности.