На ден 24.03.2022 година во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ Петровец беше реализирана свеченост по повод успешно завршување на менторирањето на првата ротација на 4. Бригадата за асистенција на безбедносни сили (4.SFAB).
На свеченоста пригоден говор одржа командантот на Команда за операции, бригаден генерал Бесник Емини, кој на сите припадници од 4.SFAB им изрази благодарност и им врачи сертификати за успешна соработка.
Тим од 4.SFAB во период од октомври 2021 до април 2022 година присуствува во Република Северна Македонија со цел преку менторирање и поддршка на лесниот пешадиски баталјон, нашата најголемата декларирана единица, да ги достигне високите НАТО стандарди за НАТО оценување на истиот во месец април 2022 година.