Во касарната „Чојлија“, во гарнизон Петровец припадниците на тенковскиот баталјон (тб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) со полагање на свежо цвеќе, делегација од 1.пбр и тб пред спомен плочата, поставена во кругот на касарната го одбележаа 22 години од загинувањето на своите припадници во конфликтот во 2001 година, капетан Синиша Стоилов и војникот Фејзо Џеладиновски.
Командантот на тб во својот говор меѓу другото истакна дека поменот на загинатите припадници претставува обврска која припадниците на тб и Армијата ја чувствуваат како долг кон своите колеги кои ги дадоа своите животи за одбрана на татковината, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.
Исто така истакна дека се горди што во своите редови имаа храбри и доследни колеги и соборци, на кои вечно ќе се сеќаваат.