По шест месечниот ангажман на првиот контингент од Армијата на Република Северна Македонија во операцијата на НАТО тнр. „Активности на зголемена будност“ на ден 13.06.2023 година, во воените бази во Република Бугарија и Република Романија каде се сместени единиците се реализира предавање на должностите на втората ротација.
На церемонијата на примопредавање на должностите помеѓу помеѓу првата и втората ротација на водовите и штабните офицери од составот на Армијата на Република Северна Македонија на учесниците им беа доделени сертификати за учество во оваа операција на НАТО.
Во рамките на свеченостите се реализираа и активности за примопредавање на знамето на Република Северна Македонија помеѓу командирите на водови со што симболично се изврши пренесувањето на одговорноста.