Во период од 17.07 до 30.09.2023 година, во касарната „Чојлија“ инструктори од ВС на САД, реализираа обука со персоналот од инжинериски баталјон (инжб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр).
Припадниците од инжб за време на обуката теоретски и практично се запознаа со новоприменото возило во единицата. За време на обуката се работеше на запознавање со неговата намена и тактичко-техничките карактеристики, како и со начинот на употреба на моторизираното оклопно мобилно возило за пронаоѓање на мини и детектирање метал, ХАСКИ (Husky VMMD – Vehicle-Mounted Mine Detection).
Периодот беше искористен за негова интеграција во единицата, начинот на одржување и употреба при пронаоѓање на неексплодирани убојни средстава и импровизирани направи за кој персоналот е посебно обучен.
ГЃ/СН/ЧС