Под мотото „Армиски акорди, новогодишна прослава на пријателството преку звуците на четири армии на НАТО“, воениот оркестар составен од припадници на Армијата на Република Северна Македонија и воените оркестри од армиите во регионот, веќе традиционално во пресрет на Новата година, одржаа заеднички концерт.
Воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија, Република Албанија, Република Хрватска и Република Словенија, под диригентска палка на диригентите од четирите оркестри, во Домот на Армијата во Скопје изведоа незаборавен концерт.
По интонирање на државните химни, аудиториумот во исполнетата сала во Домот на Армијата имаше можност да проследи едночасовна изведба на повеќе нумери од повеќе светски и регионални композитори.
Репертоарот составен од различни нумери од светските автори Боб Мерил и Наохиро Иваи, како и познати евергрин нумери од композитори од земјите на оркестрите, доби громогласен аплауз. На крајот овој концерт ќе заврши со најпознатите песни од нашиот кантавтор и еден од најпознатите гитаристи во светот, Влатко Стефановски, во аранжман на диригентот на воениот оркестар на Армијата, потполковникот Горан Илијевски. беше мотив за дополнително изведување на музички нумери. Со ова се потврди одличната соработка и синхронизираност помеѓу воените оркестрите присутни на концертот.
Предновогодишниот концерт го проследија началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага, пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, министри во владата, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Албанија, поранешни министри за одбрана и поранешни началници на Генералштабот на Армијата, активни и пензионирани генерали на Армијата, дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор акредитирани во Република Северна Македонија, претставници на верските заедници, припадници на Министерството за одбрана, Генералштабот и командите на Армијата и други гости.
Концертот на воените оркестри од армиите на НАТО од регионот прерасна во проект во рамките на меѓуармиска соработка, кој традиционално се изведува неколку години претходно во пресрет на Нова година или друг државен празник.
Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија во 31- годишниот период од формирањето на Армијата има реализирано голем број на концерти, а многупати и во останатите градови во Републиката.
Особено забележителни беа настапите изминатата година со воениот оркестар на ВС на Албанија по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата, трилатералниот предновогодишен концерт со воените оркестри на Албанија и Хрватска во 2019 година, во која година беше и заедничкиот концерт на пет воени оркестри во рамки на активностите за одбележување на „Недела на НАТО“, каде изведби имаа оркестарот на Армијата на САД за Европа, Грција, Словенија и Обединетото Кралство, потоа трилатералниот концерт во 2018 година со воените оркестри на Вооружените сили на Република Бугарија и Војската на Црна Гора, а уште претходно забележителен настап имаа со воениот оркестар на Република Турција во 2014 година.