Врз основа на Меморандумот за соработка помеѓу Организација за безбедност и соработка на Европа ОБСЕ и Република Северна Македонија во период од 5 до 16 февруари во организација на ГШ на Армијата се реализираше четвртата фаза од проектот за надградба на националните капацитети за менаџирање со мало и лесно оружје (МЛО) и експлозивни материјали.
Активноста беше реализирана од страна инструктори на Армијата. а менторирани од мобилен тим за тренинг од вооружените сили на Република Австрија.
Целта на активноста беше обука на учесниците за безбедно менаџирање со муницијата и минско експлозивни средства.
Сертификатите за завршен курс на учесниците на активноста им беа врачени од страна на началникот на одделението за МиМЕС Ј-4/ГШ на Армијата потполковник Љупче Ѓорѓиевски.