Денес, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со амбасадорот на Република Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш во Република Северна Македонија и нерезидентното одбранбено аташе, полковник Растислав Скива.
На денешната средба во Генералштабот беше изразена взаемна подготвеност за развој на меѓуармиската соработка со Вооружените сили на Република Словачка.