Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари протоколарна средба со одбранбеното аташе на Романија акредитирано за Република Северна Македонија, полковник Арчип Петре Каталин.
Продолжување на континуитетот на билатералната меѓуармиска соработка и можностите за нејзино унапредување преку нови модалитети на соработка која ќе придонесе кон зајакнување на регионалната безбедност и меѓународниот мир и стабилност, беа темите на на кои се разговараше на денешната средба во Генералштабот.