Припадници на специјалните сили на македонската армија и ВС на Република Грција учествуваа на заедничката меѓународна вежба ,,Balkan Warrior-26 ” која се одржува на АП Криволак. Преку зајакнување на интероперабилноста, унапредување на тактичката подготвеност, двете армии ја потврдуваат својата посветеност кон заедничката безбедност, професионалноста и регионалната стабилност.








