Во рамки на активностите за одбележување на Денот на единицата, на 12.11.2026 година, припадниците на Вториот пешадиски баталјон (2.пб) од Првата пешадиска бригада (1.пбр) реализираа хуманитарна акција во Општина Берово.
Со цел да дадат придонес во подобрувањето на условите за престој и секојдневно функционирање на установите кои згрижуваат ранливи категории граѓани, припадниците на баталјонот донираа мебел и косилка за трева за потребите на Дневниот центар за деца со посебни потреби и Малиот групен дом за деца без родители.
Со оваа активност, припадниците на 2.пб уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност и подготвеноста за давање придонес во заедницата, потврдувајќи ја определбата на Армијата за негување на солидарноста, хуманоста и соработката со локалното население.
Хуманитарните активности се составен дел од заложбите на Армијата за зајакнување на довербата и поврзаноста со граѓаните, како и за промовирање на вистинските вредности и општествената одговорност.








