Согласно Планот за билатерална соработка со Република Италија, во период од 27 до 29 октомври 2026 година во Домот на Армијата се релаизираше семинар од доменот на цивилно – воената соработка, на тема „CIMIC Liaison“.
Воведен збор имаше началникот на Ј-9/ГШ на Армијата, полковник Арбен Јакупи, кој истакна дека наведената активност е дел од континуираниот процес за исполнување на НАТО целите на способности за градење на капацитетите на Армијата во делот на цивилно – воената соработка. Воедно изрази благодарност до присутните гости од Република Италија за досегашната соработка.
Делегацијата од „Multinational CIMIC Group – MNCG, Motta di Livenza“ беше предводена од припадници на мобилен тренинг тим со исклучително големо искуство од учество во мисии и операции предводени од НАТО и ЕУ во регионот на Балканот, Блискиот Исток и Африка. Размената на искуства, интеракцијата и работата во групи беше на очекувано високо ниво, што значително придонесе за надоградување на стекнатите знаења и индивидуалните и тимски способности на учесниците. На семинарот учествуваа 30 припадници на Армијата кои се поставени на формациски места од областа на цивилно – воената соработка. За време на активноста, а во соработка со Воената група на САД, присуствуваа и припадници на тимот за односи со јавност од Армијата на САД.
Овој семинар е продолжение на досегашната плодна соработка и реализација на билатерални средби со Република Италија, кои се планирани да продолжат и во текот на 2027 година.








