Во присуство на директорот на Генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски, во касарната „Илинден“ со пригодна церемонија се означи завршувањето на обуката за лично обезбедување на определени личности во соработка со Министерството за внатрешни работи.
Генералот Трајковски, на припадниците на Армијата кои беа од различни состави, им додели сертификати за успешно посетување на курсот и оспособеност за извршување на задачи од ваков вид.
Активноста која започна на 11.09.2023 година се изведуваше во четири групи, при што се опфатија стотина припадници на Армијата од различни единици.
Притоа под менторство на инструктори од МВР се изведе обука за постапки и процедури при лично обезбедување на определени личности, меѓу кои и теоретски сознанија за законските одредби од оваа област, формирање на тимови за заштитни формации, ескортно обезбедување и сообраќајно обезбедување на функционери и друго.
По завршувањето на заедничката обука, а пред доделувањето на сертификатите, се спроведе и тест за мерење на компетенција и евалуација на активноста.
Активноста се спроведе врз основа на претходните координации со МВР за поддршка на нашите капацитети во подготовка, организација и реализација на обврските за „Министерскиот совет на ОБСЕ“, кој ќе се реализира во Република Северна Македонија во период од 30.11.-01.12.2023 година.
Со ова уште еднаш ја потврдуваме стручната подготвеност и оспособеност на армиските припадници да извршуваат различен вид на активности, кои се во согласност со мисијата и задачите на Армијата, а за поддршка на институциите.