Како една од активностите во билатералната воена соработка со Република Бугарија на ден 04.10.2023 година, во генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија присуствуваше делегација од бугарските вооружени сили.
Посетата е со цел експертски разговори во делот на стратегиското планирање во одбраната при што се разменија искуства и практики во оваа област согласно националните и НАТО побарувања и потреби.
На еднодневните активности во генералштабот како и врз основа на досегашната соработка во оваа област се определија понатамошните активности со кои ќе се унапредува соработката не само во оваа област туку и во другите сфери на взаемен интерес кои се однесуваат на НАТО побарувањата и исполнување на стандардите.