Во согласност со Упатството за раководење со обуката во Армијата, денес, во Домот на Армијата се одржа конференција за обука и вежби на Армијата.
Во рамки на денешната конференцијата се изврши и буџетирање и координација на проектите и активностите во согласност со планираните средства за следната година.
Претставниците на потчинетите команди и единици ги презентираа предлог плановите за реализација на индивидуална, колективна обука и вежби во 2024 година, како и оперативните побарувања и потребните количини на артифиции за поддршка на обуката.
На конференцијата, покрај Началникот на Ј-7 во ГШ на Армијата и Командантот на Командата за обука и доктрини, присуствуваа претставници од организациските единици на ГШ , началниците на секциите одговорни за обука и вежби од потчинетите команди и единици, претставник од Воената академија и главниот подофицер на Армијата.
На крајот од конференцијата беа донесени заклучоци и предлози за подобрување и надминување на предизвиците во процесот на обуката
Конференцијата за обука е редовна активност која се реализира во текот на годината, при што се анализира изведената воено-стручна обука во тековната и се дефинираат целите за наредната година.