Во периодот од 25 до 27 јуни 2025 година, претставници на SHAPE (Supreme Headquarters Allied Powers Europe), JFCNP (Joint Force Command Naples) и NRDC-ITA (NATO Rapid Deployable Corps – Italy) престојуваa во Република Северна Македонија, со цел согледување на капацитетите на нашата држава во рамки на планирање на вежбата „STEADFAST DART 27 (STDT 27)“.
Извидувањето, кое беше спроведено на повеќе локации, меѓу кои армискиот полигон „Криволак“, кампот за обука „Пепелиште“ и касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, имаше за цел странските претставници да се запознаат со инфраструктурните и логистичките капацитети, безбедносните аспекти и техничките можности на локациите, кои се потенцијални места за реализација на планираната вежба.
Вежбата STEADFAST DART 27, која е планирана да се реализира во 2027 година, има за цел да ја тестира и унапреди способноста за оперативно распоредување и зајакнување на елементите на Сојузничките сили за брза реакција, да придонесе кон одвраќањето и одбраната на НАТО преку демонстрaција на способности за спречување на нарушување на стратешките комуникациски линии и проширување на воздухопловната и поморската моќ во зоните на будност.
Вежбата STDT 27 е дел од STEADFAST DEFENDER 27 и ја демонстрира способноста на Алијансата да изведе координирана и брза транзиција низ повеќе зони на будност, овозможувајќи навремена подготовка, зголемена безбедност и засилени стратешки ефекти на одвраќање.