На 29 јануари 2026 година во касарната „Илинден“ – Скопје, се реализираше Конференција за меѓународна воена соработка на која присуствуваа повеќе претставници од организациските единици на Генералштабот и првопотчинетите команди и единици. Конференцијата ја организира Одделението за меѓународна воена соработка, во координација со ДМС/MO, ДУЧРОО/MO и U.S. Military Group.
Целта на Конференцијата беше запознавање на персоналот и дефинирање на појдовните основи на билатералната соработка, усогласување и соединување на сите елементи при изработка на одредени документи од доменот на меѓународната воена соработка, дефинирање на задачите на носителите и соработниците при реализација на активности во Република Северна Македонија и надвор од државата. Исто така како значаен дел беше опфатено и планирањето на финансиските средства соодветно на видот на активностите. На самиот крај од Конференцијата беше опфатен и делот од регионална и мултилатерална соработка, на која присутните се стекнаа со појасна слика кои се придобивките од членството на Армијата во регионалните иницијативи како што се: BCHOD’s Conference, US-Adriatic charter, DECI.








