Во период од 22-26.09.2025 година во организација на ГШ на Армијата се реализираше курс на тема „Меѓународни стандарди за утврдување на безбедносни растојанија при чување на муниција и минско експлозивни средства “
Целта на курсот беше запознавање на учесниците на активноста со НАТО и стандардните оперативни процедури на ООН (International Ammunition Guidelines) за одредување на безбедни растојанија при складирање на муниција и минско експлозивни средства и уништување на неексплодирани убојни средства.
На курсот учествуваа припадници од составот на Директоратот за аквизиција/МО, Армијата, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи.
Уверенија за успешно завршен курс на учесниците на курсот им беа врачени од страна на Началникот на одделение за муниција од Ј-4/ГШ на Армијата.