Во период од 13 до 22 октомври 2026 година во просториите на Техничко – ремонтниот центар во Скопје се реализираше „Курс за одржување на пешадиско вооружување“.
Целта на активноста беше унапредување на практичните вештини на персоналот од составот на Армијата кој е непосредно вклучен во процесот на одржување на вооружувањето.
Активноста се реализираше согласно Планот за билетарална соработка со Република Австрија и истата претставува значаен придонес во процесот на размена на искуства и унапредување на стручните способности и зајакнување на билатералната одбранбена соработка.
Сертификати за успешно завршена обука на учесниците им беа врачени од претставник на логистичката секција во Генералштабот на Армијата.








