Согласно планот за билатерелна соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина, Во период од 21.07-25.07.2025 год. се реализираше активноста „Размена на искуства ЕОД- за отстранување на неексплодирани убојни средства“.
Во рамките на активноста се разаменија искуства методи, стандардни процедури, опрема и обука за онепособување на неексплодирани убојни средства и импровизирани експлозивни уреди.
Согласно заклучоците од активнста во 2026 година се предлага реализација на обука на припадницте на Армијата, 3 ниво за справување со импровизирани експлозивни уреди во Босна и Хецеговина и обука за идентификација на експлозивни направи и Explosive Ordnance Reconnaissance во Република Северна Македонија.