Континуираната обука на персоналот од состав на Армијата кој е вклучен во циклусот на обука за спроведување на процесот на стандардизација во НАТО, согласно билатералната соработка со Вооружените сили на Република Грција, продолжи и во 2024 година.
Обуката од првиот и третиот модул од циклусот во областа на НАТО стандардизацијата и процесот на планирање на одбраната во НАТО се реализираше во период од 25.03. до 29.03.2024 година, во Домот на Армијата во Скопје. Дел од обуката се одвиваше видео телеконференциски (VTC).
Обуката ја реализираше мобилен тренинг тим на НАТО од Република Грција. На обуката, со свои презентации, учество зеде претставник од Ј-5 од Генералштабот на Армијата и претставник од КОД.
На обуката учествуваа припадници од Армијата и Министерството за одбрана, од повеќе сектори и области, а кои припадници се вклучени во процесот на стандардизација.
На обуката присуствуваа и две лица од Република Црна Гора.
За време на обуката слушателите се стекнаа со знаења од областа на НАТО стандардизацијата, како и со знаења од процесот на планирање на одбраната во НАТО.
Обуката за стандардизација е поддржана од страна на Директоратот 2 на Генералштабот за национална одбрана на Република Грција.
На крајот од обуката во присуство на бригаден генерал Симеон Трајковски, Директор на Генералштабот на Армијата, на слушателите им беа поделени сертификати за учество и успешно завршена обука.
Во текот на 2024 година планирано е заокружување на обуката во областа на НАТО стандардизацијата со реализација на уште еден модул, Модул 2.