Генералштабот на Армијата и командата за Обука и доктрини во соработка со министерството за одбрана и канцеларијата за одбранбена соработка во одбраната со САД, со ангажман на регионалниот тим на инструктори за психолошки операции реализираше курс за валидација на инструктори од областа на психолошки операции на тактичко ниво.
На Курсот кој се реализираше во време од 26-29 февруари 2024 година во Домот на Армијата во Скопје од страна на инструкторите на САД е извршена валидација на инструкторите од составот на Армијата во областа на психолошки операции на тактичко ниво.
Притоа низ повеќе теми како: вовед во психолошки операции, процес на планирање на психолошки операции, анализа на целна публика и тактики,техники и процедури за спротивставување на противнички психолошки операции покрај пренесување на искуства од страна на инструкторскиот тим од САД се оцени и подготвеноста на нашите инструктори да пренесуваат знаења од оваа област на тактичко ниво.
Инструкторите од Армијата кои веќе се сертифицирани успешно го завршија и овој процес и во понатамошниот период ќе продолжат со изведување на обука на идните специјалисти во делот на психолошките операции за потребите на тимот од оваа област од состав на лесната пешадиска баталјонска група.
Армијата на Република Северна Македонија по полноправното членство во НАТО и со цел исполнување на зададените цели на способности во овој период активно работи на градење на капацитети од оваа област кои се предвидени во декларираните структури.