Во текот на дводневната обука реализирана во Центарот за снабдување и транспорт при Логистичката база, припадниците од Армијата се запознаа со начинот на правилно чување, поставување и користење на шаторите примени во рамките на Европскиот мировен фонд, како дел од Програмата за опремување и модернизација на Армијата.
Овие високо квалитетни шатори, кои целосно ги задоволуваат стандардите на Армијата за сместување на персонал во теренски услови, примарно се наменети за декларираните единици. Дополнително, овие шатори се одликуваат со брзо и едноставно поставување, висока водоотпорност и стабилност во различни временски услови, што значително ја зголемува оперативноста на единиците.
Генералштабот на Армијата, во тесна соработка со Министерството за одбрана, продолжува да работи на унапредување на капацитетите на единиците преку обезбедување мобилна, квалитетна и софистицирана опрема, компатибилна со стандардите на НАТО Алијансата.








