Припадници од командите и единиците на Армијата на Република Северна Македонија, кои се носители на стандардизaциските активности со НАТО, во Домот на Армијата во Скопје реализираа координативен состанок за спроведување на неопходните активности во Армијата потребни за достигнување на НАТО стандардите на командите и единиците во Армијата.
Началникот на секцијата за воено планирање и структура на сили, бригаден генерал Симеон Трајковски, кој го раководеше состанокот, го истакна значењето на постигнување на интероперабилноста со 29 -те сојузници во Алијансата, особено за време на извршувањето на задачите при распоредувањето и претставувањето во меѓународните оперции.
НАТО стандардизaцискиот систем подразбира, организира и овозможува унифицираност и униформност од сите аспекти на соработка во постигнувањето на интероперативноста со сојузничките армии во декларираните единици при извршувањето на мисиите предводени од НАТО.
Одржувањето и развивањето на НАТО стандардизaцискиот систем во армиската структура овозможува поврзаност помеѓу организациските единици, секоја од својот домен на специјалност, неопходна компатибилност на персоналот со вооружените системи и материјални средства како и примена на унифицираност во процесот на обука, вежби и евалуација.