Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска оствари работна средба со директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев.
На средбата во Генералштабот се разговараше за спроведувањето на постапките при градење на отпорноста на институциите, поддршката во градењето на НАТО капацитетите, меѓусебната соработка помеѓу Армијата и Министерството за внатрешни работи, како и за понатамошното унапредување на координацијата во спроведувањето на заедничките активности.
Двајцата соговорници ја истакнаа важноста од континуирана и конструктивна соработка меѓу институциите, особено во областите како граничната безбедност, управување со кризи и заеднички обуки и вежби, изразувајќи подготвеност за понатамошно интензивирање на соработката.