Како дел од подготовките за годинешната, 17-та конференција на началници на Генералштабовите на балканските земји, во период од 06 март до 08 март 2024 година, во Тирана, Република Албанија се реализираше вториот состанок на координативната група за подготовка на конференцијата.
На состанокот од страна на претставниците од земјите членки на Форумот Б-9 се разгледуваа задачите од заедничката изјава на 16-тата конференција на началници на Генералштабовите, забелешките од првиот состанок на координативната група, а од страна на подгрупите за асиметрични закани и за едукација, обука и вежби се разгледа прогресот на активностите од првиот состанок.
Воедно беа изработени и други материјали потребни за реализација на 17-тата конференција, како и подготовка на заклучоците на овој втор состанок на координативната група.
На овој состанок, како и на претходниот учесниците ги потврдија заложбите за унапредување и промовирање на регионалната стабилност и безбедност на Балканот преку континуираната воена соработка.