На ден 24.10.2025 година се реализираше посета на Логистичката база од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеи (АОА) акредитирани во Република Северна Македонија. За време на посетата во касарна „Илинден“ – Скопје беше реализирана презентација на мисијата, задачите, историјата, структурата, обуката, опремата, капацитетите на единицата. На активноста присуствуваше Командантот на Логистичката База полковник Мухарем Мухареми, а презентацијата беше реализирана од страна на Заменикот на Командантот на Логистичката база полковник Саше Јакимовски. Исто така се реализираше и посета на Одделението за Медицинска Обука при Воено Медицинскиот Центар каде што освен запознавањето со капацитетите беше прикажана и тековната реализација на „Курс за тактичко згрижување на повредени“, кој се одвива во соработка со Швајцарската Конфедерација.








