Денес (21.10.2025 година) во касарната „Илинден“ во Скопје, припадниците на Баталјонот за врски со воена свеченост го одбележаа „21 Октомври“ – Денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, претставници од Командата за операции, командите и единиците во Армијата, поранешни команданти на полкот и баталјонот за врски, претставници од Вооружените сили на Р. Хрватска како и претставници на Црвениот крст, ЈП „Македонски шуми“, МВР и бизнис секторот.
Во својот говор пред присутните, застапник командантот на баталјонот за врски, потполковник Аце Карајованоски ја истакна улогата на припадниците на баталјонот за врски во реализацијата на меѓународната вежба „Immediate response 2025“ каде овозможи непречена комуникациско-информациска поддршка на сите учесници. Исто така ја истакна и соработката со Вооружените сили на Република Хрватска, со кои се водат билатерални разговори во насока на дополнително развивање на NATO Federated Mission Network концептот, со кој ќе се воспостави интероперабилност со останатите партнери од НАТО алијансата.
Во рамките на одбележувањето на Денот на единицата за дел од персоналот беа доделени стимулативни мерки и беше реализиран ТТ збор на кој беа прикажани системите и средствата за врски.
Во рамки на одбележување на Денот на единицата беа реализирани крводарителна акција на која беа собрани 28 крвни единици, хуманитарна акција со донација за ЈУ „Завод за деца и младинци“ – Скопје како и спортски игри.









