На покана на Македонската спортска стрелачка федерација, четири екипи од единиците на Армијата учествуваа на 18. Интернационален отворен турнир во стрелаштво „Гран- при Скопје 2024“, кој се одржа на 25 и 26 мај на стрелиштето „Камник“ во Скопје.
На еден од најголемите и најатрактивните турнири во спортско стрелаштво, од овој вид во Европа, на кој традиционално учествуваат припадници од составите на Армијата, кои имаа можност да ја демонстрираат својата подготвеност во дисциплините во кои се натпреваруваа и на кои остварија и забележителни резултати.
Припадниците од Армијата се натпреваруваа во дисциплините: гаѓање со пиштол на 25 метри, гаѓање со пушка на 100 метри и гаѓање со снајперска тактичка полуавтоматска пушка на 200 метри.
Во натпреварувањата на кои учествуваа 339 учесници, во поединечна конкуренција водникот Драгослав Кудрановиќ го освои првото место во дисциплината пушка на 100 метри, во екипна конкуренција екипата од ВП 2803 Скопје, составена од наредник Кире Јанев, наредник Димитар Стојановски и водник Драгослав Кудрановиќ го освои второто место.
Освоените високи позиции од страна на армиските припадници на ова натпреварување ја отсликуваат подготвеноста и обученоста во стрелачките вештини.
На отворањето на 18. натпревар се обрати командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Сашко Лафчиски, кој на учесниците им посака успех и постигнување на високи резултати за време на турнирот.
По завршување на натпреварувањето, на победниците им се доделија пехари и медали од страна на организаторот на интернационалниот отворен турнир во стрелаштво, Македонската спортска стрелачка федерација.