Спортските натпревари се традиционално дел од активностите по повод одбележувањето на Денот на Армијата. Со завршните натпреварувања во предвидените дисциплини, кои се одржаа во период од 14 – 18 јули 2025 година, се прогласија најуспешните екипи и поединци во Армијата.
На финалните натпревари во рамките на програмата за одбележување на 18 Август – Денот на Армијата, кои се одвиваа на Воениот стадион во Скопје учествуваа повеќе екипи и припадници од сите единици на Армијата.
Постигнати се следните резултати на спортските натпреварувања во дисциплините: крос-трчање на 3 и 5 километри, мал фудбал, кошарка, одбојка и пинг-понг:
Мал фудбал:
1. место: Баталјон за почести
2. место: 1. пешадиска бригада
3. место: Баталјон на специјални сили
Кошарка:
1. место: Баталјон на специјални сили
2. место: Генералштаб на Армијата
3. место: Команда за обука и доктрини
Одбојка:
1. место: 1. пешадиска бригада
2. место: Генералштаб на Армијата
Пинг-понг:
1. место: Генералштаб на Армијата
2. место: 1. пешадиска бригада
3. место: воздухопловен ВИНГ
Атлетска трка – мажи:
Екипно:
1. место: Команда за обука и доктрини
2. место: Баталјон за почести
3. место: Баталјон на специјални сили
Атлетска трка поединечно :
1. место: кап. Жан Тосев од Баталјонот за почести
2. место: пфв. Трајче Илијевски од Командата за обука и доктрини
3. место: пфв. Христијан Танески од Баталјонот за специјални сили
Атлетска трка – жени:
Екипно:
1. место: Баталјон на специјални сили
2. место: Команда за операции
3. место: Команда за обука и доктрини
Атлетска трка поединечно :
1. место: нар. Марија Пеликон од Генералштабот на Армијата
2. место: кап. Дијана Лапевска од Командата за операции
3. место: вод. Марија Димеска од Баталјонот за специјални сили
Натпреварите поминаа во спортски и фер дух, а најдобрите натпреварувачи и екипи, кои покажаа дека покрај извршување на редовните задачи и на спортот, како дел од обуката во Армијата му се посветува должно внимание, ќе се здобијат со соодветни признанија како стимул за постигнување на уште поголеми успеси.