Над 120 армиски припадници продолжуваат активно да бидат вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Со несмален интензитет уште од раните утрински часови се гаси во реонот на општините Македонски Брод, Радовиш, Берово и Желино. Уште од раните утрински часови припадници од Првата пешадиска бригада, во непосредна координација со ЦУК и другите вклучени субјекти, дејствуваат во гаснење на пожарите од земја. Припадници на Вториот пешадиски баталјон се ангажирани во гаснење на пожарите во Општините Радовиш и Берово, а од Првиот пешадиски баталјон се ангажирани во реонот на селото Локвица во Македонски Брод. Припадници од составот на Логистичка база беа ангажирани за гаснење на пожарот во Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин. Армијата останува максимално посветена во поддршка на граѓаните и институциите секогаш кога е потребно.