Илјадници граѓани од Струмица и Кавадарци, викендов присуствуваа на отворените денови организирани од страна на Армијата и Министерството за одбрана во соработка со локалните самоуправи, а по повод одбележување 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата.
На отворените денови кои се во Струмица и Кавадарци, посетителите преку директна комуникација со армиските припадници имаа можност да сеа запознаат со техничките карактеристики на дел воената опрема и возила, да проследат музички нумери во изведба на воениот оркестар и да ги проследат алпинистичките вештини на ренџерите од составот на изидувачко разузнувачкиот баталјон.
Граѓаните исто така имаа можност поблиску да се запознаат со техничките карактеристики на борбени, системи и артилериските орудија од артилерискиот баталјон, дел од вооружувањето, воената опрема и возила од повеќе единици, меѓу кои од вториот пешадиски баталјон, баталјонот на воена полиција, четата АБХО и баталјонот за врски.
Воедно заинтересираните имаа можност да се запознаат и со воената професија и условите за прием во Армијата и за пилоти во воздухопловниот ВИНГ, да се фотографираат пред армиските возила, меѓу кои и најновите возила од видот JLTV, како и да го вкусат познатото „војничко гравче“ и војнички чај.
На активностите присуствуваа и командантот на командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и началникот на штаб, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, како и претставници од локалната самоуправа.
Настаните се први два од планираните активности во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата.
Веќе во понатамошниот период и граѓаните на Штип, Тетово, Прилеп, Охрид, Кичево и Скопје ќе имаат прилика да присуствуваат на слични отворени денови.