Припадниците на Армијата, во рамки на акцијата за чистење на животната средина, а со цел подигање на свеста за почиста околина, на повеќе локации во сите гарнизони во Републиката, активно се вклучија во акцијата на чистење на површините на касарните, пред се во нивната непосредна околина.
Со вклучувањето во ваквите акции, на претходно мапирани локации од граѓанското здружение, припадниците на Армијата преку личен придонес како и секогаш досега на дело ја покажаа грижата за зачувување на почиста животна средина и општото добро на граѓаните во нашата држава.