Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денес во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, припадниците на артилерискиот баталјон (артб) реализира акција за доброволно дарување на крв.
Припадниците на артилерискиот баталјон (артб), покрај извршувањето на секојдневни работни обврски остануваат верни на традицијата и редовно учествуваат во акциите за доброволно дарување на крв, покажувајќи ја својата хумана страна.
За време на оваа добротворна акција беа собрани 45 крвни единици.