Согласно Меморандумот за соработка на Министерството за одбрана и Армијата со Црвениот крст на Република Северна Македонија, ЈЗУ „Институт за трансфузиона медицина“ и Градската општа болница (ГОБ) „8ми Септември“, денес во ГОБ „8ми Септември“ се реализираше акција за доброволно дарување на крв.
На крводарителската акција, припадниците на генералштабот на Армијата, како многупати досега, се вклучија во оваа хумана мисија, при што беа дарувани 22 (дваесет и две) единици крв.
Припадниците на Армијата со овој доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост, во континуитет демонстрираат висок степен на солидарност кон сите оние на кои таа им е најпотребна.