На ден 15.05.2023 година во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ – Велес, со пригодна свеченост беше промовирана поштенска марка во заедничка соработка на Командата за обука и доктрини, Народниот Музеј-Велес и претставници од извршниот одборот на Сојузот на филателисти на Македонија. Поштенската марка е промовирана по повод на 100 годишнината од раѓањето на генералот Ангел Мојсовски роден во с. Ораовец Велешко во 1923 година, кој бил учесник во Народно ослободителна војна, прогласен за народен херој и носител на партизанска споменица 1941 година.
На свеченоста за време на својот говор заменик командантот на Командата за обука и доктрини полковник Лулзим Нуредини, им посака добредојде на присутните гости и им се заблагодари на претседателот на извршен одбор на сојузот на филателисти Димитар Белчев и на нивните претставници за соработката за реализација на заедничката активност со Командата за обука и доктрини.
Претседателот на сојузот на филателисти господинот Димитар Белчев во својот говор ја промовираше поштенската марка и се наврати на историските моменти на ликот и делото на генералот Ангел Мојсовски, а воедно се заблагодари за успешната соработка со Командата за обука и доктрини.
По завршување на свеченоста присутните имаа можност да ја посетат Спомен собата во касарната Алексо Демниевски Бауман Велес и да ги погледнат предметите и историските материјали кои се изложени.
Г/С