На ден 12.06.2014 година се реализира Денот на високи гости и медиуми во Marche-en-Femenne на вежбата „Брз Лав“ во Кралството Белгија.
На денот на високите гости на вежбата присуствуваа Министерот за одбрана м-р Талат Џафери, командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски, високиот претставник на Република Македонија при НАТО и ЕУ, бригаден генерал Бранко Дракалски, и други претставници од МО, АРМ и Министерство за надворешни работи.
Активноста започна со брифинг на командантот на борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2), полковникот Филип Буке кој истакна дека борбената група претставува кредибилна мултинационална сила за брзи реакција и истата е моќна алатка за одговор на евентуални кризни жаришта. Исто така истакна дека ЕУБГ 2014-2 е сертифицирана и може да се употреби во мисии под покровителство на Европската Унија.
Во продолжение беа покажани динамична и статична презентација на можностите на ЕУБГ 2014-2 на која учествуваше и дел од четата за заштита на силите со презентација на обезбедување на влез во база и претрес на возило.
На ден 13.06.2014 година четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија се враќа во Република Македонија.