На ден 10-ти Август (сабота) на Славеј Планина со почеток во 09:30 часот ќе се реализира Државното екипно првенство во планинско трчање „Славеј Планина“.
Активноста е во организација на Армијата на Република Македонија, а истата е во координација со Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и ќе се одвива според бараните дисциплините на АФМ.
Учество ќе земат сите атлетски клубови од Атлетската федерација на Македонија. Армијата на Република Македонија ќе биде претставувана во трките во машка и женска конкуренција.